Претседателот Зума сака петта сопруга, помлада и поагилна

Од:

Претседателот на Јужноафриканската република Џејкоб Зума (72) има намера да земе уште една жена, петта по ред, што ќе биде покрај него во старите години.

За време на посетата на Дурбан во вторникот полигамниот претседател рече дека „сака да ја ожени и последната сопруга“.

Во Зулу културата мажите често во својата подлабока старост добиваат желба за уште една жена, често помлада и поагилна сестра на некоја од постарите.

– Одговорноста за грижата за сопругот во неговата старост паѓа на последната сопруга која обично е помлада од другите жени и поагилна во вонредни ситуации, објасни професорот од Универзитетот Квазулу Натал Сихаву Нгубане.

Зума има дваесетина деца и се женел шест пати. Сите негови сегашни четири сопруги живеат на сметка на државата.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска