Претседателот Ривлин почна разговори за формирање нова Влада на Израел

Од:

Израелскиот претседател Рувен Ривлин почна дводневни консултации со сите избрани партии, пред да донесе одлука за именување на премиер по постизборниот ќор-сокак.

Ривлин почне да разговара со лидерите на партиите кои победија на последните избори во неговата резиденција. Претседателот, кој има претежно церемонијална улога, има задача да ги избере политичарите со најдобри шанси за формирање стабилна коалиција.

Обично се работи за формалност, но овој пат Ривлин игра клучна улога по речиси изедначениот изборен резултат.

По минатонеделните избори, Сојузот на партии на центарот на поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Бени Ганц го задржа водството од две пратенички места (вкупно 33) над конзервативниот Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

На трето место е Заедничка листа на израелските Арапи со освоени 13 пратеници , а потоа следат партијата на ултраортодоксните сефардски Евреи со девет, додека верската Обединет јудеизам на Тората освои осум пратеници.

Националистичката партија на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман освои осум мандати, а десничарскиот сојуз Јамина – седум, левичарскта партија Лабуристи-Гешер – шест, додека Демократската унија има пет пратеници.

Блокот на левиот центар, вклучително и Заедничка листа со членовите на израелските Арапи, кои никогаш не биле дел од Владата, сега има 57 пратенички места, а десничарскиот блок има 55.

Ниту еден блок нема мнозинство од 61 од вкупно 129 пратеници во Кнесетот за да формира коалиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел