Претседателот на Венецуела бара помош од ОН поради дефицит на лекови во земјата

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека се обратил за помош до Обединетите нации за справување со дефицитот на лекови во земјата.

Во Венецуела има трицифрена инфлација, а повеќето лекарства од антибиотиците до оние за хемотерапија се недостапни за повеќето граѓани.

Мадуро не конкретизира каков вид помош бара, но посочи дека ОН се запознати со плановите за обновување на производствените капацитети на фармацевтската индустрија во земјата и ја потенцира неопходноста од редовните доставки на лекови за болниците.

Директорот на Федерацијата за медицина во Венецуела, Даглас Леон Натера во април 2016 година изјави дека болниците во земјата, располагаат со само четири до пет отсто од потребните количества лекови и оти лекарите практично немаат можност да им помагаат на луѓето, кои страдаат од тешки заболувања.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски