Претседателот на Туркменистан им нареди на своите граѓани да купат велосипед

Од:

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов им наредил на сите граѓани да купат велосипед, за да бидат подготвени за 1 септември кога ќе биде организирано масовно возење велосипеди.

Бердимухамедов одобри четиригодишна програма за развој на спортот во Туркменистан, а на вработените во државната служба и студентите им нареди да се вклучат во трката со велосипеди на 1 септември.

– Оваа кампања ќе ви помогне да ја подобрите својата здраствена состојба, ќе влијае на вашето размислување за зачувување на околината, но и ќе го промовира велосипедизмот, истакна Бердимухамедов.

Тој очекува следниот месец во велосипедската трка да учествуваат повеќе од пет милиони луѓе.
Туркменистанската опозициска интернет-страница „Хроно“ објави дека по претседателската наредба се зголемиле цените на велосипедите.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ