Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан обвини дека „странски екстремистички елементи“ предизвикале исламистички бунт во земјата, истакнувајќи дека Владата „ќе направи се што е потребно“ за безгрижно да им ги врати на семејствата речиси 300 ученички, кои беа киднапирани од екстремистите.
Во својот говор по повод 15-годишнината од воведувањето демократија во Нигерија по децениската воена диктатира, Џонатан изјави дека сите досега постигнати резултати во економската и социјалната сфера се под закана од „меѓународен тероризам во државата“.
Тој предложи амнестија за оние кои ќе се откажат од насилството.
Безбедносните сили соопштија дека откриле када се наоѓаат киднапираните девојчиња, но се стравува дека доколку биде употребена сила ученичките би можеле да бидат убиени.
Претседателот Џонатан ја отфрли можноста ученичките да бидат разменети за притворени бунтовници.