Нигерискиот претседате Гудлак Џонатан пристигна денеска во ненадејна посета на нигериската сојузна држава Борно, во североисточниот дел на земјата, во која е активна исламистичката терористичка група Боко харам.
Во главниот град на Борно, Маидугури Џонатан ги посети нигериските сили, ранетите војници и кампот со околу пет илјади раселени лица, по најновниот напад на Боко харам на 3 јанаури врз градот Бага.
Џонатан на раселените им соопшти дека според информациите, кои ги добива од своите шефови за безбедност, деловите од земјата, кои моментално се под контрола на Боко харам наскоро ќе бидат ослободени и тие ќе можат да се вратат во своите домови.
Се стравува дека во надот на Бага се убиени стотици и повеќе луѓе, во насилството кое би можело да има за цел дополнително поткопување на легитимноста на претседателските избори следниот месец.
Во придружба на претседателот во Борно пристигнаа 200 војници од Абуџа.