Претседателот на Мексико го смени министерот за финансии по острите критики поради посетата на Трамп

Од:

Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието синоќа го разреши министерот за финансии Луис Видегарај Касо, кој беше негов близок соработник, а како резултат на острите критики против шефот на државата по посетата на земјата на кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп.

Нието соопшти на прес-конференција дека го именува на местото на Видегарај Касо сегашниот министер за социјален развој Хозе Антонио Меаде, кој е и поранешен министер за финансии.

Кандидатот за претседател на републиканците во САД Доналд Трамп го посети Мексико пред една недела и се сретна со Пења Нието. Според официјални мексикански претставници, главен организатор на посетата бил Видегарај Касо. Мексиканската страна се надеваше дека како резултат на оваа посета Трамп ќе ја омекне реториката кон Мексико поради континуираниот проток на илегални мигранти од оваа земја кон САД.

По патувањето, Трамп повторно настапи со непомирлива реторика. Тој им вети на своите симпатизери дека ако биде избран за претседател, ќе ги преиспита трговските договори со Мексико, ќе преземе масовни депортации и ќе го натера Мексико да плати за изградба на ѕид на заедничката граница на двете страни за да се запре приливот на илегални мигранти.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори