Претседателот на Мавританија случајно ранет

Од:

Претседателот на Мавританија, Мохамед Улд Абдел Азиз полесно е повредени кога врз него воена патрола по грешка отворила оган, изјави мавританскиот министер за комуникации, Хамди Улд Маџуб.

„На враќање од Нуакшот врз претседателскиот конвој бил отворен оган од страна на мавританска патрола, бидејќи не препознале де станува збор за неговиот конвој. Претседателот во тој инцидент е погоден, но полесно е ранет и неговиот живот не е загрозен”, зиајви миснитерот МАџуб на државната телевизија.

Не се објавени никакви детали и не е појаснето зошто воопшто патролата пукала кон конвојот.

Безбедносните сили на Мавританија ги блокираа патиштата коишто водат но воената болница, меѓутоа нема зголемено присуство на воени сили околу претседателската палата и зградата на владата, јавуваат дописниците на странските агенции. По инцидентот се раширија информации дека врз претседателот Азиз пукале исламистите.

Мухамед Улд Абдел Азиз е избран за претседател во 2009 година, а западните земји гои сметаат за клучен сојузник во борбата против Ал Каеда во тој регион. Мавританската војска изведе многу операции против упориштата на исламистите во соседно Мали каде групите блиски на Ал Каеда под контрола го држат пустинскиот дел од таа земја.

Би можело да ве интересира

Во близина на брегот на Мавританија се удавија 58 мигранти

Ана Ололовска

Во бура во Мавританија загинаа 40 луѓе

Ана Ололовска

Мавританија е 9. држава која ги прекина дипломатските односи со Катар

Ана Ололовска

Во Мавританија изречена смртна казна за недостоен текст за пророкот Мухамед

Ана Ололовска

Парламентарни и локални избори во Мавританија

Емир Латифовиќ