Претседателот на Колумбија и лидерот на ФАРК ќе потпишат мировен договор

Од:

Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос и лидерот на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) Ридриго Лондоно – Тимошенко ќе го потпишат мировниот договор со пенкало изработено од куршум. Со договорот се става крај на 52-годишната војна, во која загинаа околу 250.000 луѓе.

По четири години преговори во главниот град на Куба, 65-годишниот Сантос и 67-годишниот Лондоно, со прекар – Тимошенко договорот ќе го потпишат на колумбиска територија.

Околу 2.500 странци и локални официјални лица ќе присуствуваат на церемонијата на потпишување на примирјето, што ќе се одржи во 22 часот по Гринич во колумбискиот град Картагена.

На потпишувањето ќе присуствува и американскиот државен секретар Џон Кери, кој вети помош за примена на мировниот договор во висина од 390 милиони долари.

Кери посочи и дека во зависност од примената на мировниот договор можно е САД да ја отстранат марксистичката бунтовничка организација  од листата на терористички организации.

Колумбиците на 2. октомври ќе гласаат на референдум дали да се ратификува мировниот договор. 

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски