Претседателот на Колумбија го продолжи примирјето со ФАРК до крајот на годината

Од:

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос до крајот на годината го продолжи прекинот на огнот, што беше договорен меѓу Владата и бунтовничката организација Револуционерни вооужени сили на Колумбија (ФАРК).

– Донесовме одлука прекинот на огнот меѓу двете страни во конфликтот да продолжи до 31 декември. Тоа не е ултиматум или краен рок, истакна Сантос.

Тој се надева, дека за тоа време ќе може да биде склучен нов мировен договор, кој ќе донесе крај на полувековната граѓанска војна.

Сантос се стреми да го обнови договорт, откако Колумбијците претходно месецов го отфрлија на референдум.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски