Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев денеска пристигна од Турција во Москва, каде што ќе се лекува од кардиолошки проблеми, соопшти прес-службата на претседателскиот кабинет во Бишкек.
Како што јави ТАСС, по препорака на медицински експерти и по покана од Русија, Атамбаев бил примен во Централната клиничка болница на Руската претседателската администрација, за да го продолжи своето лекување со лекарите кои претходно ги извршувале „прегледите и лекувањето на неговото срцево заболување”.
СО Атамбаев, во Москва пристигнала и кардиологот Гулмира Баитова од киргистанската владина болница.
Поради влошената здравстваена состојба Атамбаев на 19 септември го откажа учеството на 71. седница на Генералното собрание на ОН.