Претседателот на Кенија ги укина бонусите за пратениците

Од:

Претседателот на Кенија, Мваи Кабаки, стави вето на  законот, со кој во средата, доцна вечерта, на последниот ден пред националните избори пратениците си изгласаа солидни бонуси за заминување од функциите, пренесоа американските медиуми.

Претседателот Кабаки на главниот обвинител во земјата му нареди да го сообрази законот со Уставот.

Текстот на законот, донесен во средата, на секој пратеник му дава речиси 110.000 долари. Просечната плата во Кенија е околу 1.700 долари. Тој, исто така, на поранешните пратеници им обезбедува и вооружен бодигард, дипломатски пасош и достап до ВИП салите на кениските аеродроми, како и државен погреб.

За претседателот, вицепретседателот и премиерот, исто така, се предвидени големи пензиски пакети.

Според Комисијата за плати и обештетувања, меѓутоа, пратениците немаат право да ги определуваат сопствените плати согласно Уставот, донесен во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“

Повеќето од оние кои умреле од глад во култот во Кенија биле деца