Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин следната недела ќе испрати специјален претставник во Пјонгјанг за да разговара за евентуална средба на високо ниво со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун подоцна овој месец, објави денеска јужнокорејската агенција Јонхап.
Специјалниот пратеник ќе отпатува за Пјонгјанг на 5 септември, додава Јонхап, цитирајќи портпарол на претседателството.
Сеул го упати предлогот до Пјонгјанг денеска претпладне, а неколку часа подоцна тој бил прифатен, рекол портпаролот и додал дека се уште не е јасно кој ќе биде претставник на Сеул.
Специјалниот пратеник, исто така, ќе разговара за „воспоставување мир“, „напредок во врските меѓу двете Кореи“ и „ослободување на Корејскиот полуостров од нуклеарно оружје“, инфомирал портпаролот.