Претседателот на Израел му даде уште десет дена на Нетајнаху да формира влада

Од:

– Израелскиот претседател, Исак Херцог, денеска му даде на лидерот на конзервативната Ликуд и мандатар за состав на новата влада, Бенјамин Нетанјаху, уште десет дена да формира владејачка коалиција, бидејќи првичниот рок за нејзино формирање истекува в недела.

За новата влада што ќе биде најдесничарската во историјата на Израел, претседателот Херцог е загрижен дека потенцијално може да ја загрози израелската демократија, да го поткопа духот на Декларацијата за независност и да ги отуѓи Евреите во дијаспората, објавија израелските медиуми.

Нетанјаху претходно и формално побара од Херцог за две седмици да го продолжи рокот за формирање влада поради комплицираните коалициски договори.

Дваесет и осумте дена што Нетанјаху првично ги доби за да формира влада истекуваат во недела на полноќ, со тоа што сега има рок до 21 декември да ја заврши таа задача.

Херцог, чија улога во политичкиот живот на Израел е церемонијална, но важна по изборите бидејќи тој го назначува мандатарот, не појасни зошто не му ги дал на Нетанјаху максималните 14 дена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници