Претседателот на Израел и официјално му го довери мандатот на Нетанјаху за формирање нова влада

Од:

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска официјално му го довери мандатот за формирање на новата 37-ма израелска влада на лидерот на конзервативната Ликуд, најдолговечниот премиер во историјата на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Ликуд на Нетанјаху, заедно со своите сојузници – ултрадесничарските и ултраортодоксните еврејски партии, на изборите на 1 ноември освоија стабилно мнозинство од 64 пратенички мандати од вкупно 120 во израелскиот парламент (Кнесет).

Изборната победа му овозможи на Нетанјаху да се врати на власт по 19 месеци во опозиција.

„Бенјамин Нетанјаху одлучив да ви го дадам мандатот да ја формирате владата“, рече Херцог во претседателската резиденција во Ерусалим, оценувајќи дека тоа не е лесна одлука и дека не го пропуштил фактот дека на Нетанјаху му се суди за корупција.

Нетанјаху денеска по осми пат го доби мандатот да формира влада, веќе пет пати беше премиер, а тоа не му успеа три пати, јавуваат израелските медиуми.

Тој најави дека ќе биде премиер на „сите израелски граѓани, без исклучок“.

„Има многу кои ги поздравуваат изборните резултати, но има и такви кои искажуваат безобразни работи и ја плашат јавноста, не е првпат да се зборуваат такви работи“, рече Нетанјаху.

Тој потсети дека тоа му се случило на првиот лидер на Ликуд, Менахем Бегин, но и на него и дека не било вистина ниту тогаш, ниту сега.

„Имам намера да бидам премиер на сите – на оние кои ме избраа и на оние кои не ме избраа. Ова е одраз на она во што верувам и ги води моите постапки“, додаде 73-годишниот Нетанјаху.

По период на политичка стагнација без преседан и пет избори за помалку од четири години, Нетанјаху се враќа на премиерската функција по шести пат.

Нетанјаху беше премиер најдолго во историјата на Израел од 1996 до 1999 година и од 2009 до 2021 година, вкупно 15 години, од кои 12 последователни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан