Претседателот на Исланд во самоизолација

Од:

Исландскиот претседател Гвидни Јоханесон ќе биде во карантин до 9 ноември, откако беше потврдено дека еден од вработените во неговата резиденција бил позитивен на коронавирусот.

Претседателот нема симптоми на коронавирусот и неговото семејство не мора да оди во карантин, соопшти неговиот кабинет.

Исланд на 31 октомври ги заостри мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Не е дозволено собирање на повеќе од десет лица, а забранети се и тие спортски активности. Мерките ќе важат до 17 ноември.

Исланд од почетокот на пандемијата пријави 4.957 случаи на коронавирус, а починати се вкупно 17 лица.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски