Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Ернандес примил милиони долари мито од дилери на дрога, меѓу кои и поранешниот мексикански нарко бос Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо, изјави њујоршкиот федерален обвинител на почетокот на судењето на братот на Ернадесза трговија со дрога.
– Обвинетиот бил заштитен од актуелниот претседател, кој примил милиони долари мито од дилери на дрога, па дури и од „Ел Чапо Гусман“, рече обвинителот во својата воведна изјава.
Помошникот обвинител Џејсон Ричман на првиот ден од судењето на Хуан Антонио „Тони“ Ернандес Алварадо изјави дека Ел Чапо „лично му дал на обвинетиот милиони долари за неговиот брат (претседател)“.
Лидерот на Хондурас ги отфрли обвинувањата на американските обвинители.
„Наводите се 100 проценти лажни, апсурдни и смешни. Тоа е понесериозно од Алиса во земјата на чудата“, напиша тој на Твитер.
Тони Ернандес (41), поранешен пратеник, беше уапсен на аеродромот во Мајами минатиот ноември и обвинет за шверц на дрога, поседување огнено оружје и лажно сведочење, а исто така е поврзан со најмалку две убиства.
Доколку биде осуден, тој се соочува со најмалку пет години и максимум доживотен затвор.