Претседателотна Боливија Ево Моралес го означи како „провокација кон Латинска Америка“ пренасочувањето на неговиот лет над Европа, при враќањето од Москва, поради сомневањата дека поранешниот соработник на ЦИА и НСА Едвард Сноуден се наоѓа во авионот.
Тој ги повика европските држави да се ослободат од САД.
Претседателскиот авион со кој Моралес се враќаше од посетата на Москва, синоќа слета во Ла Паз, по непланираниот 14-часовен престој во Виена.
Според боливиската Влада, Франција, Шпанија и Португалија не му дале дозвола на авионот да мине низ нивниот воздушен простор, принудувајќи го да слета во Австрија. Претставници на боливиските власти тврдат дека зад инцидентот стојат САД.
– Тоа беше отворена провокација кон целиот континент, не само кон претседателот. Тие го искористија агентот на северноамериканскиот империјализам, за да ни е закануваат, рече Моралес пред стотина приврзаници, кои го пречекаа на аеродромот во Ла Паз.
– Жалам што морам ова да го кажам, но некои европски земји треба да се ослободат од северноамериканскиот империјализам, изјави претседателот на Боливија.