Претседателот на Белорусија: Tепање со каиш може да биде корисно за детето

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека физичкото казнување би можело да биде корисно при воспитувањето деца, објави американската агенција „Асошиејтед прес“.

Лукашенко нагласил дека лично е против физичко казнување на децата, но рекол дека добро тепање со каиш може бида биде корисно за детето. Тој рекол дека често го казнувал своето најстаро дете, оценувајќи дека тоа било добра лекција за неговиот помлад син.

Додал дека е потребно уште многу работа на нацрт-законот со кој се криминализира семејното насилство.

Лукашенко смета дека Белорусите би требало да ја следат традицијата, а не да имитираат бесмислени работи преземени од Западот.

Би можело да ве интересира

Четири малолетнички истепале познаничка, настанот го снимиле со мобилен и го споделувале на социјални мрежи

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко за Трамп: Тој е одличен шоумен, актер, не е за претседател

А1он