Претседателката на Молдавија: Граѓаните не сакаат во НАТО

Од:

Мнозинството граѓани на Молдавија се против идејата земјата да се откаже од неутралноста и да влезе во НАТО, изјави денеска претседателката на Молдавија, Маја Санду.

„Народот треба тоа да го сака затоа што тоа подразбира промени на Уставот и тоа треба да се направи преку референдум. Меѓутоа, ако ги погледнеме анкетите на јавното мислење денес, ќе видиме дека нема сериозна поддршка за идејата за напуштање на неутралноста“, изјави Маја Санду во интервју за телевизијата ПРО, пренесе ТАС.

Претседателката на Молдавија изјави дека, покрај Врховниот совет за безбедност, во земјата ќе се формира уште една агенција, која ќе има задача да се бори против манипулацијата со информации и пропагандата.

Говорејќи неодамна на Минхенската безбедносна конференција, Маја Санду побара од членките на НАТО да и помогнат на нејзината земја да се бори против ширењето на информации што го одразуваат рускиот поглед на глобалните настани на социјалните мрежи.

Тогаш молдавскиот парламент усвои закон со кој се дозволува контрола на онлајн пропагандата и дезинформациите.

Анкетите покажуваат дека повеќе од 55 отсто од Молдавците силно се противат на членството на земјата во НАТО, додека 27 отсто ја поддржуваат иницијативата.

Сепак, Маја Санду претходно не ја исклучи можноста Кишињев да ја напушти неутралноста и да влезе во НАТО.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје