Куса престрелка изби денеска меѓу Северна и Јужна Кореја во демилитаризираната зона меѓу двете земји, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана изјави дека престрелката се случила, откако јужнокорејски граничари забележале севернокорејска воена патрола како се приближува кон воената демаркациска линија, која минува низ центарот на зоната.
– Најпрво било упатено усно предупредување, а потоа се испукани предупредувачи истрели. Тогаш севернокорејските војници отвориле оган кон нашите војници, а тие возвратиле, истакна тој.
Престрелката траела десетина минути.
Ова е втор ваков инцидент во период од помалку од еден месец во регионот на копнената граница меѓу двете земји. Нема информации за евентуални жртви.