Престрелка меѓу војници на киргистанско-таџикистанската граница, прогласена воена состојба

Од:

Во делот на границата меѓу Таџикистан и Киргистан избувна престрелка меѓу војници од двете страни, соопшти Граничната служба на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан (СЦНС).

„Ситуацијата во киргистанско-таџикистанскиот дел на државната граница се карактеризира како тензична. Таџикистанската страна користи минофрлачи и фрлачи на гранати во областите Торт-Кочо и Чир-Добо“, се вели во извештајот. Засега нема информации за загинати или повредени.

На границата е прогласена воена состојба, а стационирани се силите на Државниот комитет за национална безбедност, полицијата и армијата.

Жителите на киргистанските села долж границата со Таџикистан почнаа да ги напуштаат своите домови поради престрелката меѓу војниците од двете страни.

Администрацијата на регионот Баткен во Киргистан соопшти дека жените, децата и постарите лица се евакуирани на безбедно од селата во зоната на конфликтот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Земјотресот од Таџикистан се почувствува и во Кина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силен земјотрес утрово го погоди Таџикистан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Претседателот на Таџикистан му одржа лекција на Путин: Престанете да не третирате како уште да сме дел од СССР

Катерина Ѓуровски

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Блинкен разговор со министрите за надворешни на земјите од Централна Азија

А1он

Примирје по престрелката на киргистанско-таџикистанската граница во која се ранети 11 војници од Киргистан, а убиени двајца цивили од Таџикистан

Ана Ололовска