Пресретнати 75 имигранти на јахта во близина на италијанскиот брег

Од:

Група од 75 имигранти, кои се превезувале со јахта која пловела под бугарско знаме, биле пресретнати рано изутринава од крајбрежна патрола во близина на италијанскиот брег.

На јахтата се наоѓале 58 мажи, седум жени и 10 деца. Се претпоставува дека имигрантите се државјани на Авганистан, Сомалија и Ирак.

Пловниот објект прво бил забележан од исландски авион на Агенцијата за контрола на надворешните европски граници (Фронтекс). За време на операцијата за пресретнување на јахтата биле идентификувани тројца трговци со луѓе, кои се од украинско потекло, и веднаш биле уапсени.

Имигрантите со брод на граничните патроли биле префрлени во италијанското пристаниште Санта Марија ди Леука, во јужната провинција Лече. Сите се во добра здравствена состојба и се сместени во бегалскиот камп Дон Тонино Бело во градот Отранто.

Би можело да ве интересира

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски

Тимот на Бајден планира да спречи депортација на милион имигранти од Хондурас и Гватемала

Жарко Настоски