Прераспоредени полицајците кои нападнале демонстрант во Хонг Конг

Од:

Министерот за внатрешни работи на Хонг Конг, Лаи Тунг Квок денеска изјави дека се преместени на други работни места полицајците кои, како што се гледа на една видео снимка, физички го нападнале еден продемократски демонстрант за време на акцијата за растерување на демонстрантите од тунел.

Тој истакна дека полицајците се преместени на други работни места, а полицијата спроведува истрага за овој инцидент.

Локален телевизиски канал прикажал снимка на која се гледа како околу шест полицајци фаќаат еден маж, го легнуваат на земја и го удираат.

Демонстрантите во Хонг Конг синоќа се судрија со полицијата и поставија барикади во тунелот во близина на зградата на локалната Влада, проширувајќи ја на тој начин својата зона на протести, откако претходно полицијата успеа да ги отстрани блокадите во некои други улици.

Учесниците во протестите го блокирале тунелот, поставувајќи гуми, метал и бетонски плочи.

Демонстрантите кои бараат слободни избори во 2017 година во Хонг Конг и оставка на актуелниот лидер Леунг Чун-јинг, пред повеќе од две недели ги блокираа главните улици во оваа поранешна британска колонија, што предизвика незадоволство кај жителите, посебно кај возачите и патниците на јавниот превоз.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше