Препорака до над 50.000 Јапонци да се евакуираат заради тајфунот Неогури

Од:

Сите над 55.000 жители на јужниот јапонски остров Мијакоџима во префектурата Окинава, денеска добија препорака да се евакуираат поради наближувањето на тајфунот Неогури кон островот, јавија локалните медиуми.

Како што пренесе ИТАР-ТАСС, Националната метеоролошка управа на Јапонија издаде „посебно предупредување“ – термин што јапонските синоптичари го воведоа во август минатата година и е употребуван само во вонредни случаи.

– Заради огромната сила на ветрот и височината на брановите овој тајфун претставува голема и неизбежна опасност, наведе Управата.

Тајфунот Неогури сега се движи кон островот Окинава од југоисток, со брзина од 20 километри на час. Се очекува тој да стигне до префектурата утре изутрина.

Брзината на ветрот во централниот дел на тајфунот достигнува 70 метри во секунда. Ураган со таква моќност лесно може да преврти автомобил во движење. Височината на брановите крај брегот може да достигнат и до 14 метри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија