Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

Од:

На Украина ѝ се потребни најмалку 155 милијарди долари за водење на војната во 2026 година, изјави украинскиот премиер Серхиј Корецки, наведувајќи дека оваа сума ги вклучува буџетските расходи, дополнителните потреби на државата и директната воена помош од западните сојузници.

Корецки, говорејќи во украинскиот национален телетон, потсети дека Киев го претставил пред партнерите целокупниот обем на потреби за оваа година на состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина во форматот „Рамштајн“, одржан во февруари.

„Во февруари 2026 година се одржа ’Рамштајн‘. Украина таму објави дека потребите за водење на војната изнесуваат 155 милијарди долари. Толку чини војната“, рече Корецки.

Според него, ова е вкупна сума што ги вклучува не само парите од украинскиот државен буџет, туку и воената помош од партнерите што се испорачува директно во форма на оружје и воена опрема – вклучително и ракети за системите „Патриот“, лансери, авиони и друга материјално-техничка поддршка.

Посебен проблем за Киев претставува фактот што сè уште не е обезбедено финансиско покритие за приближно 27 милијарди долари од вкупните наведени потреби.

Корецки претходно објави дека дел од тие пари се потребни веднаш, меѓу другото, за авансно плаќање на испораки планирани за првиот квартал од 2027 година.

Украинските власти имаат намера да обезбедат дел од средствата преку прераспределба на домашните расходи, додека за остатокот сметаат на Европската Унија, земјите од НАТО и другите партнери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија погоди станбена зграда во Одеса – објавена е снимка од страшниот напад

А1он

Москва: Украинците се обидуваат со провокации да ги вовлечат своите западни инструктори подлабоко во војната

А1он

Фокландите повторно во центарот на спорот: Британските десничари се закануваат со војска

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он

Пезешкијан со порака: Иран не бара војна, но нема да се предаде пред агресорите

Горан Наумовски

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел