Премиерот на Тајланд ја посети пештерата во која исчезнаа младите фудбалери

Од:

Тајландски премиер Прајут Чан-оча ја посети пештерата Там Луанг, во која спасувачките тимови веќе шести ден трагаат по 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер. Тој побара од нивните роднини да не губат надеж.

– Мора да има вера, со верба се е поуспешно, вера во нашите деца кои се силни и енергични, изјави Чан-оча.

Тајландски и меѓународни спасувачите се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите момчиња на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен тренер, кои исчезнаа во саботата, по завршениот тренинг.

Нивните велосипеди, ранци и патики се пронајдени пред пештерата.

Во потрагата, покрај тајландските специјални единици “Фоки”, вклучени се и британските експерти за нуркање во пештери и американскиот тим од 30 експерти, но дождот кој речиси постојано врне, ја попречува потрагата.

Властите се надеваат дека тие пронашле суво место во пештерата и дека се доволно здрави за да останат живи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач