Пакистанскиот премиер Наваз Шариф ја откажа посетата во САД поради нападот во Лахоре, кој се случи во неделата и во кој загинааа 72 лица, јавува ТАСС, повикувајќи се на пакистанскиот весник „Експрес трибјун“.
Шариф требаше да замине во Вашингтон, со цел да учествува на Четвртата светска средба на високите лидери за нуклеарна безбедност, која ќе се одржи на 31 март.
На средбата, пакистанската делегација ќе биде предводена од помошникот на претседателот по прашањето за надворешна политика Сејед Тарик Фатеми.
Во неделата бомбаш-самоубиец се разнесе во еден од парковите на Лахоре, близу до детски објекти за забава.
Во нападот загинаа 72 лице, а повеќе од 300 се ранети.