Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки е отсранет од Парламентот за време на жестоката дебата за Панамските документи, јави денеска Би-Би-Си.
Претседателот на Парламентот, Дејвид Картер повеќе пати го опоменал Ки дека не го почитува правилникот, но бидејќи премиерот не го променил своето однесување, бил отстранет од салата.
– Премиерот не може да има посебен третман во овој дом, истакна Картер.
Ки додека беше пратеник трипати беше отсранет од Парламентот.
Тој не е прв премиер на Нов Зеланд кој е отстранет од Парламентот. Претходно од законодавниот дом беше „исфрлена“ и Хелен Кларк, а пред неа двапати и Дејвид Ланг.