Премиерот на Мали поднесе оставка откако беше приведен од армиските сили

Од:

Премиерот на Мали, Шеик Диара објави денеска дека поднесува оставка неколу часа откако беше приведен од армиски сили кои извршија преврат кои на 22 март го симнаа од власт претседателот Амаду Туре.

– Јас, Шеик Модибо Диара, поднесувам оставка заедно со мојата влада, изјави премиерот во кусото обраќање преку телевизијата. Тој не ја кажа причината за оставката. Им заблагодари на соработниците и им посака успех на новите раководители кои ќе ја преземат власта.

Северните реони од Мали се под контрола на вооружени исламисти поврзани со Ал Каеда.

Диара беше приведен синоќа во домот во Бамако од дваесетина војници по заповед на капетан Амаду Саного, шеф на тимот армиски сили кои извршија воен удар на 22 март. По превратот, северниот дел од Мали беше заземен од исламистите.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска