Премиерот на Киргистан, Мухамедкали Аблгазиев, денеска поднесе оставка поради скандал со владината продажба на радиофреквенции.
„Во денешните тешки услови, кога земјата се соочува со опасност од коронавирусот и се бори со економски последици, Владата мора да работи стабилно и да ужива целосна доверба на граѓаните“, нагласи премиерот во соопштение. Тој негираше дека е вмешан во скандалот.
Пред оставката, Аблгазиев замина на краток одмор, за, како што рече, да не ја попречува истрагата. Прашањето за издавањето на фреквенциите беше покренато во парламентот на средноазиската држава, по што опозицијата бараше премиерот да докаже дека не учествувал во скандалот.
Аблгазиев беше премиер на поранешната советска република од 2018 година.