Премиерот на Киргистан, Јомарт Оторбаев, денеска поднесе оставка на функцијата откако беше исложен на критика во Парламентот дека неговата Влада не постигна договор со канадска рударска компанија, соопштија британските медиуми.
Оторбаев не ја посочи причината за своето повлекување од функцијата. Неговата одлука е соопштена по неколкучасовната жешка дебата во Парламентот за работата на Владата во минатата година. Многу пратеници ја нападнаа Владата за тоа дека не успела да се договори со канадската фирма „Сентера голд“.
Канадската компанија го експлоатира најголемиот рудник за злато во Киргистан – „Кумтор“ и со Владата повеќе од една година водеше преговори за нов финансиски договор.
Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, сега треба да
потпише указ, со кој ќе ја прифати оставката на Оторбаев и неговиот
кабинет. Потоа владеачката коалиција ќе има 15 дена пред Парламентот да даде предлог за нов премиер, посочуваат британските медиуми.
Високо позициониран владин извор изјави дека за вршител на должноста премиер ќе биде назначен првиот вицепремиер Таирбек Сарпашев, забележа ТАСС.