Премиерот на Канада генијално му одговори на Трамп

Од:

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Осврнувајќи се на одлуката на Белата куќа, Карни му одржа и кратка лекција на Трамп за историјата на името на езерото.

„Името на езерото Онтарио потекнува од зборот „Ontari’io“ од јазикот на народот Вендат, што, сосема соодветно, значи ‘езерото е убаво, езерото е големо’. Тоа име е старо повеќе од 400 години, што значи дека настанало пред Канадската конфедерација и Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, рече Карни.

Тој истакна дека, и покрај одлуката на САД, во Канада езерото ќе го задржи името што го носи повеќе од 400 години.

„Знаеме дека Америка се менува. Се менуваат нејзините трговски односи, надворешната политика, националните споменици и хидронимите. Канаѓаните исто така знаат дека именувањето на реалноста подразбира дека тоа е езерото Онтарио – некогаш, сега и засекогаш“, порача канадскиот премиер.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот потпиша извршна наредба со која езерото Онтарио, во американскиот систем на географски имиња, се преименува во „Езеро Америка“, во услови на ново заострување на трговскиот спор со Канада.

Со наредбата Трамп му наложи на американското Министерство за внатрешни работи да го промени името во американската служба за географски имиња, но Канада не е обврзана да ја прифати промената.

Потегот доаѓа откако пропаднаа преговорите меѓу двете земји, а Вашингтон најави царини од 50 отсто за канадска стока вредна 20 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откриена вистинската причина за посетата на директорот на ЦИА на Москва

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Трамп конечно проговори за посетата на Ретклиф во Москва

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Трамп: Иран не им плаќа на некои војници и убива демонстранти

Зеленски ја сподели пораката што му ја испратил Трамп за Денот на независноста

Катерина Ѓуровски