Премиерот на Камбоџа прослави 30 години власт

Од:

Премиерот на Камбоџа, Хун Сен одбележа 30 години на чело на Владата, со што влезе во малиот круг на луѓе во светот кои успеале толку долго да останат на власт.

Тој е избран за премиер на 33-годишна возраст, а својата власт ја зацврстил со насилство и застрашување на противникот, поради што и денес го критикуваат застапниците на човекови права.

Меѓутоа нему сепак може да му се припишат заслуги за умерениот економски развој и стабилност на државата , која што беше разорана под комунистичкиот режим на Црвените Кмери во 70-тите години од минатиот век.

Тој им се придружил на Црвените Кмери во борба против проамериканските власти, но во 1977 година побегнал во Виетнам, кој со воена инвазија во 1979 година го урнал режимот во Камбоџа.

Во новата влада која имала поддршка од Виетнам, Сен бил поставен за министер за надворешни работи, а од 1985 година се до денес се наоѓа на премиерската функција.

Според организацијата „Хјуман рајтс воч“, тој е поврзан со прекршување на човековите права, тортура, апсења, голем број егзекуции, цензура, забрана за собири и организирање на шпионска мрежа која го заплашува народот.

-По 30 години искуство, нема причини да веруваме дека тој еден ден ќе се разбуди и ќе одлучи да владее на отворен, инклузивен, толерантен начин, со почитување на човековите права – изјави директорот на „Хјуман рајтс воч“ за Азија, Бред Адамс.

Хун Сен во говор на отворање на 2.200 метри долг мост на реката Меконг, призна дека има некои мани, но ги повика оние кои го набљудуваат покрај лошото да го видат и она што е добро кај него.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска