Премиерот на Израел го поздрави американскиот план за поморска демаркација со Либан

Од:

Израелскиот премиер Јаир Лапид денеска го поздрави предлогот на САД за воспоставување поморска граница со Либан, оценувајќи дека тоа ќе го реши долгогодишниот спор меѓу двете соседни земји и ќе придонесе за зајакнување на израелската економија и подобрување на регионалната безбедност.

Лапид потврди дека во текот на викендот планот бил доставен до израелските и либанските лидери и иако се уште се разгледува, тој верува дека ќе ги зајакне израелските области во близина на границата со Либан и ќе и овозможи на еврејската држава да произведува повеќе природен гас и да обезбеди нови приходи за националниот буџет.

– Овој договор ќе ја зајакне безбедноста и економијата на Израел, рече Лапид на состанокот на владата. Тој, исто така, потенцираше дека Израел нема да се спротивстави на развој на „дополнително либанско гасно поле“, кое се наоѓа на поморската граница, се додека Израел го добие „делот што го заслужува“.

Израелскиот лидер оцени дека тоа ќе ја ослаби зависноста на Либан од Иран, ќе го ограничи екстремистичкиот Хезболах и ќе ја промовира регионалната стабилност.

Планот, како што рече Лапид, сега го разгледуваат правните и одбранбените власти, а потоа владата ќе се изјасни за него. Израелските медиуми објавија дека за планот веројатно ќе се гласа во четврток.

Либан и Израел официјално се во војна од создавањето на еврејската држава во 1948 година, а двете земји тврдат дека имаат околу 860 квадратни километри од Средоземното Море.

Амос Хохштајн, висок советник за енергетска безбедност во американскиот Стејт департмент, посредуваше меѓу двата соседа и го посети Бејрут во септември, изразувајќи оптимизам по состанокот со либанските водачи.

Претседателот на либанскиот парламент Набих Бери во интервју за весникот „Ашарк ал-Авсат“ вчера рече дека предлогот „во принцип ги исполнува либанските барања“.

Либан се надева дека ќе започне со производство на гас во време кога се соочува со најголемата економска криза во модерната историја и кога три четвртини од населението на малата земја живее во сиромаштија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел