Премиерот на Грузија најави дека поднесува оставка

Од:

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили најави во телевизиско обраќање до нацијата дека поднесува оставка од функцијата.

Тој е премиер на Грузија од 20 ноември 2013 година, кој ја презеде оваа функција на 33-годишна возраст, со што стана најмладиот премиер во Европа.

Согласно Уставот, политичката партија со најмногу места во Парламентот треба во рок од седум дена да предложи свој кандидат за премиер и да побара од шефот на државата да ја поднесе за гласање оваа кандидатура во собранието.

– Денеска донесов одлука да поднесам оставка од премиерската функција, но останувам верен на својата татковина, нагласи Гарибашвили без да изнесе конкретнипричини за оставката.

Гарибашвили се смета за близок соработник на поранешниот премиер, милијардерот Биѕина Иванишвили.

Според грузиските опозиционери, оставката на Гарибашвили може да е дел од напорите на владејачката коалиција да го спречи намалувањето на својот рејтинг пред парламентарните избори, кои треба да се одржат во октомври 2016 година.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски