Премиерот на Ерменија: Трилатералниот договор не е конечно решение на конфликтот

Од:

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека трилатералниот договор, кој го потпиша со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, не предвидува конечно решение на конфликтот околу Нагорно-Карабах.

„Овој документ не подразбира суштинско решение за прашањето на Карабах. Тој е само за завршување на војната во Карабах. Конфликтот тогаш не беше решен, а не е ниту сега“, изјави Пашинјан.

Рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан на 9 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Путин рече дека азербејџанската и ерменската страна ќе останат на позициите што ги окупирале, додека руските мировници ќе бидат распоредени во регионот.

Согласно новиот договор, Ерменија и Азербејџан треба да разменуваат воени заробеници и тела на загинати.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511