Премиерот и Владата на Мали поднесоа оставка поради масакр на 160 луѓе

Од:

Премиерот на Мали, Симајла Бобибај и сите членови на Владата вчера поднесоа оставки, четири недели откако напаѓачите убија 160 сточари, припадници на етничката група Фула.

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кејта ги прифати нивните оставки.

За убиството на 160 сточари, што се случи на 23 март, осомничени се ловџии, припадници на етничката група Догон, која живее на подрачјето на централната висорамнина во Мали.

Тоа беше најсмртоносен напад во регионот што е погоден од етничко и џихадистичко насилство.

Нападите врз селата Огошаго и Белингар се случија за време на посетата на мисијата на Советот за безбедност на Обединети нации, чија цел е да изнајдат решение за минатогодишните насилствата при што загинаа повеќе стотици луѓе.

Насилството сега се шири и во западноафриканскиот регион Сахел.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска