Премиерката на Тајланд ќе биде и министер за одбрана

Од:

Тајландската премиерка Јинглук Шинаватра денеска стана прва жена која ќе раководи со Министерството за одбрана.

По реконструкцијата на Владата, Јинглук ќе биде на чело на Министерството за одбрана, со што ќе има поголемо влијание над моќната војска која го смени од власт нејзиниот брат Таксин Шинаватра во 2006 година.

Како министер за одбрана Јинглук ќе има место и во Советот за одбрана на Тајланд, кое ги именува високите офицери.

Многу влијателната Армијата на Тајланд е официјален заштитник на монархијата, а за многумина е и гарант на целокупниот политички систем на земјата.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога