Прекинато судењето на обвинетата за убиството на братот на Ким Џонг Ун

Од:

Судот во Малезија го прекина судењето на обвинетата за убиството на Ким Џонг Нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, бидејќи адвокатите на обвинетата побараа дополнително време за да ги прочитаат пишаните изјави на сведоците.

Индонежанката Сити Ајшах (26) е обвинета заедно со Виетнамката Доан Ти Хуонг (30) за труење на Ким Џонг-нам со хемиски отров на аеродромот во Куала Лумпур во февруари 2017 година.

Првично беше одлучено судењето да почне во јануари, меѓутоа судијата денеска наложи да му се овозможи на нејзиниот адвокат да поднесе жалба, бидејќи обвинителите не доставиле копии од изјавите на седум сведоци.

Како што наведе адвокатот на обвинетата, документите се од суштинска важност за случајот, бидејќи петмина сведоци исчезнаа.

За тоа како ќе продолжи судењето, судот ќе одлучи на 21 декември.

Ким Џонг-нам, кој живееше во егзил во Макау, го критикуваше своето семејство, кое владее со Северна Кореја.

Некои јужнокорејски адвокати тврдат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го наредил неговото убиство, што Пентагон го негира.

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски