Прекината потрагата по стотината затрупани во рудник во Судан

Од:

Спасувачките екипи денеска ја прекинаа потрагата по стотината рудари кои во понеделниот останаа затрупани во рудник за злато во западниот судански регион Дарфур, откако се одрони дел од сводот во рударската јама.

– Потрагата е запрена затоа што стана премногу опасна, изјави работник во рудникот, што се наоѓа пустината во реонот на Џебел Амир, на над 200 километри северозападно од градот Ел Фашер во северниот дел на Дарфур.

Според него, при потрагата не е пронајден никој, „нитужив, нитумртов“. Вчера деветмина припадници на спасувачки екипи останаа затрупани во јамата, откако се урна нов дел од сводот додека тие работеле на откопување на потрупаните рудари, кои се наоѓаат на околу 40 метри длабочина од рударското окно.

Засега нема инфромации што се случило со спасувачите, иако вчера пратставници на спасувачките тимови тврдеа дека тие се живи, но се отсечени од влезот на рудникот. Од рудникот беа извлечени осум безживотни, но нема информации дали се на спасувачите или на рудари.

Причините за несреќата во овој рудник, кој немал диозвола за работа, засега не се познати. Наделжните органи не знаат ни колку точно рудари имало во јамата во време на одронот, но се препоставува дека биле над сто.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска