Прекината истрагата за авионската несреќа во Украина поради гранатирање

Од:

Гранатирањето во близина на местото каде се урна малезискиот авион во источниот дел на Украина ги принуди меѓународните експерти да ја прекинат денеска започнатата истрага за несреќата, изјави претставник на ОБСЕ, кој пристигнал на ова подрачје со експертскиот тим.

– На оддалеченост од околу два километра слушнавме артилериски оган, а тоа беше премногу блиску за да продолжиме, истакна претставникот на ОБСЕ во Украина, Александар Хаг.

На местото на авионската несреќа во регионот на Доњецк денеска пристигнаа 78 меѓународни експерти, кои планираа цел ден интензивно да работат на собирање остатоци од жртвите.

Хаг додаде дека експертскиот тим постигнал договор и со украинските и со проруските сили да им се овозможи посета на местото на несреќата на малезискиот „боинг 777“, во која на 17 јули загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“