Прекин во електроснабдувањето на Запорожје, активирани безбедносните системи на нуклеарната централа

Од:

Руските сили што ја имаат контролата врз украинската нуклеарна централа „Запорожје“ соопштија дека дошло до дефект на безбедносниот систем во централата, што предизвикало испад од системот за напојување со електрична енергија на регионот.

Според руските сили, безбедносниот систем се активирал поради пожар што избувнал во близина на централата, последица на гранатирање. Пламенот избувнал поради краток спој во системот, при што откажале индикаторите на електричната мрежа.

Регионалниот началник за областа Никопол, Евхен Евтушенко, соопшти дека Русите палеле шума во Енергодар. Градоначалникот на Енергодар, Дмитро Орлов изјави дека благодарение на градските комунални работници повторно е воспоставено напојувањето на Запорожје со електрична енергија.

За прекин во електроснабдувањето соопшти и градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров. Без струја и вода останал и регионот Херсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната