Можно е избори во Тајланд да нема во период подолг од една година, бидејќи прво мора да се постигнат мир и реформи, рече првиот човек на воената хунта, која во минатонеделниот преврат ја презеде контролата во земјата.
Генерал Прејут Чан-оча , командантот на армијата, денеска, во своето прво директно обраќање до нацијата од пучот изведен на 22 мај, ги изнесе плановите на хунтата.
Прејут го повтори предупредувањето против протестите или отпорот на военото преземање на власта, наведувајќи дека тие може да го забават процесот на враќање на среќата кај тајландскиот народ.
Прејут ги објасни плановите на хунтата за управување со земјата, истакнувајќи ги финансиската стабилност и транспарентност, пренесоа американските медиуми.