Преговорите за формирање коалиција во Германија може да потраат до јануари

Од:

Преговорите за формирање нова коалициска влада во Германија може да се oдолговлечат до јануари идната година, оцени денеска Социјалдемократска партија на Германија (СПД).

Несомнено процесот ќе биде подолг, но на крајот тој ќе финишира со формирање на влада во текот на декември или јануари следната година, изјави денеска на прес-конференција во Берлин, генералниот секретар на СПД, Андреа Налес.

Како што јави германската агенција ДПА, Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Ангела Меркел сака економијата, пазарот на трудот и стабилноста на еврото да бидат централни теми на разговорите со социјалдемократите што почнуваат во петок.

– Наша цел е да видиме дали можеме заедно да поставиме здрав темел за следните четири години, забележа генералниот секретар на ЦДУ, Херман Грое. – Категорично го отфрламе зголемувањето на даноците, потенцира тој.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија