Преговорите за Брегзит ќе продолжат на деветти ноември

Од:

Британската Влада денеска соопшти дека преговорите со Брисел за Брегзит ќе продолжат на деветти ноември, а не на осми, како што претходно објави ресорниот министер Дејвид Дејвис.

Главниот преговарач од ЕУ, Мишел Барние и Дејвис денеска се договориле двата тима да се сретнат на деветти и 10 ноември, соопшти британското Министерство за Брегзит.

Поради недостиг на доволен напредок по трите приоритетни теми за „разводот“, и во тие рамки сметката која Лондон треба да ја подмири пред да си замине од Унијата, останатите 27 држави членки одбија да почнат преговори за идните односи со Велика Британија.

Европскит лидери сепак дадоа зелено светло за подготовка за преговори за идниот трговски договор со Лондон кој ќе стапи во сила по Брегзит, предвиден за крајот на март 2019 година.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он