Преговорите помеѓу Северна и Јужна Кореја ќе започнат на 9 јануари, откако Пјонгјанг ја прифати поканата на Сеул за продолжување на преговорите, кои ќе се одржат во демилитаризираната зона меѓу двете држави.
На преговорите ќе се разговара за можноста спортисти од Северна Кореја да учествуваат на Зимските олимписки игри, што следниот месец ќе се оджат во Јужна Кореја.
Двете земји неделава воспоставија и директна комуникациска врска во пресрет на преговорите.