Предизборен молк пред утрешните парламентарни избори во Грузија

Од:

Со митинзи на опозициската коалиција „Грузиски сон“ (КО) во двата најголеми града во Грузија, Тбилиси и Кутаиси, синоќа официјално заврши кампањата за утрешните парламентарни избори во оваа поранешна советска република.

Од митингот во Тбилиси, лидерот на „Грузиски сон“, милијардерот Биѕина Иванишвили порача дека утрешниот ден ќе биде „ден на раѓањето на една нова Грузија“ и изрази уверување дека неговата коалиција ќе победи на изборите.

Свој завршен митинг вчера одржа и владејачкото Обединето национално движење (ЕНМ), од кој грузискиот претседател Михаил Саакшвили порача дека утрешните избори се решавачки за иднината на земјата.

Во Грузија денеска е предизборен молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места утре вечер.

Утрешните избори, на кои учествуваат 17 партии и две коалиции, ќе ги следат над 30.000 домашни и околу 600 странски набљудувачи.

Според анкетите на јавното мислење, се очекува ЕНМ да освои околу 36 отсто од гласовите, пред КО со околу 18 проценти и Христијанско демократското движење (КДМ) со три отсто.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски