Пред новите преговори, Мадрид не сака ни да слушне за референдум за независност на Каталонија

Од:

Владејачките социјалисти во Шпанија никогаш нема да прифатат референдум за самоопределување на Каталонија, што е главното барање од каталонските сепаратисти со кои Мадрид мора да ги продолжи разговорите во септември, изјави денеска премиерот Педро Санчез.

„Нема да има референдум за самоопределување“, рече тој, уверувајќи дека Социјалистичката партија, чијшто генерален секретар е тој, никогаш нема да прифати такви барања.

Со цел да се одржи референдум за самоопределување, „оние кои го сакаат тоа треба да можат да убедат три петтини од овој состав за да го изменат членот 2 од шпанскиот устав. И тогаш Шпанците мора да ја ратификуваат оваа промена на референдум”, нагласи премиерот.

Ваквата реформа е невозможна, бидејќи трите најголеми политички сили во Парламентот (социјалистите, конзервативците од Народната партија и крајната десница на Вокс) се против промената на Уставот.

Педро Санчез ја даде изјавата еден ден по неговата прва официјална средба со новиот каталонски регионален лидер, умерениот сепаратист Пере Арагонес.

По состанокот, каталонскиот политичар објави дека дијалогот меѓу Мадрид и сепаратистите, насочен кон изнаоѓање решение за кризата во регионот, ќе продолжи во третата недела од септември. Главното барање на сепаратистите е да се одржи референдум за самоопределување на богатиот североисточен шпански регион со 7,8 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации