Правилото за ковчег и интеграцијата на муслиманите

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Надгробните споменици, свеќите и цвеќето на мезариите т.е. муслиманските гробишта, не се вообичаена појава, бидејќи „последното збогување‟ треба да биде скромно и едноставно. Единствено што стои на муслимански гроб е дрвена табла со име, презиме и датуми на раѓањето и смртта, а телото се става во чаршав и се закопува без ковчег.

Многу обичаи од Исламот не се исти со обичаите на другите монотеистички религии и западни цивилизации, а од тие разлики често настануваат судири од големи размери и културолошките разлики ги надминувале и политичките препукувања.

Во германските покраини Баварија, Саксонија и Турингија важи правилото дека луѓето мора да се погребуваат во ковчези, па за муслиманите кои живеат таму и кои своите најмили сакаат да ги закопаат во тие покраини, настанува проблем. За нив „интеграцијата во германскиот систем не престанува со смртта‟.

Се повеќе муслимани од втората и третата генерација во Германија сакаат своите најмили да ги закопаат во државата во која пораснале и во која живеат, но т.н. правило за погребен ковчег тоа им го оневозможува.

Затоа починатите мора да се закопаат во некоја друга германска покраина каде е дозволен погреб по исламски правила или во земјите од нивното потекло.

Во Баварија сите гледаат во Минхен

Минхенскиот гробар Салих Гуелер вели дека го иритира натписот кој го објави германскиот весник „Велт“ под името „Дали правилото за ковчег ќе падне поради муслиманите?‟.

– Во Германија секоја сојузна покраина е независна од другите. Правилата за погреби и во секој регион се различни, затоа во многу сојузни покраини ова правило е укинато‟, тврди Гуелер и додаде дека Баварија е последна покрина која е против да се укине тоа правило.

Тој вели дека за голем број муслимани во таа покраина ова е голем проблем, бидејќи мора да размислуваат дали своите најблиски да ги закопаат во државите од кои доаѓаат. Гуелер смета дека правилото за ковчег стана политичка тема во Баварија и дека неколку муслимани се позабавиле со оваа тема, но дека тоа не е доволно.

– Сите градови во Баварија гледаат на главниот град на оваа покраина, Минхен и така ќе се однесуваат, заклучи минхенскиот гробар.

Дека политиката „ги замеша прстите‟ таму каде што не треба потврди и теологот Мустафа ефенди Хаџиќ, потпретседател на Централниот совет на муслиманите во Германија.

– Ако се случи во секоја германска покраина да донесат закон за закопување на мртвите кој ќе им даде можност на муслиманите да ги закопуваат своите починати согласно прописите на нивната вера, тоа ќе биде поради општата политичка клима, а не поради самите муслимани, смета Хаџиќ и додава дека во покраината Северна Рајна-Вестфалија, прашањето за погреб на мртвите е во надлежност на општините.

Муслиманите во таа покраина со години можат да ги закопуваат своите умрени без ковчег, но со дополнителни трошоци.

Носталгија за татковината

Во Келн, на пример, на Централните гробишта, каде постојат неколку парцели за муслимани, задолжително е муслиманите да се транспортираат до мезарот во ковчег, а потоа се дозволува од ковчег да се пренесат на табут и така да се закопаат. Во тек се преговори со надлежните институции на градот да се одобри во целост погреби без ковчег.

Хаџиќ смета дека секое прашање поврзано за муслиманите во Германија стана политичко, па така и ова, но смета дека ковчегот не е основна причина што муслиманите не сакаат да бидат погребани во Германија.

– Основните причини кога се во прашање муслиманите од Балканот, се од емотивна природа, носталгија за татковината и своите предци, вели Хаџиќ.

Оваа тема беше и на дневен ред во баварскиот Парламент, потврди за Ал Џезира членот на тамошниот Парламент од Социјалдемократската партија Ариф Тасделен.

– По состанокот на експертскиот тим на кој се разговараше за ова прашање, сигурен сум дека правилото за ковчег во Баварија ќе се укине. Многу експерти предложија ова правило да се укине, вели тој.

Тасделен е свесен дека за муслиманите кои сакаат да ги погребаат своите починати по исламски правила тоа е проблем. Баварија, Турингија и Саксонија се единствени покраини во кои ова правило се уште постои, но тој верува дека мнозинството муслимани, доколку остане правилото за ковчег, своите блиски ќе ги погребуваат во тие покраини бидејќи така можат да им појдат на гробишта.

И теологот и член на Парламентот на германската покраина Баден-Виртемберг, Томас Ројш-Фреј објаснува дека правилото за ковчег е воведено од хигиенски причини, но и поради тоа што на германското културно подрачје не е вообичаено телото да се гледа по смртта, т.е. при погребувањето.

Нашле нов дом

Тој вели дека правилото за ковчег во Баден-Виртемберг е укинато пред две години и дека тоа е одлучено во договор со муслиманските здруженија, потоа црквите и партиите во нивниот Парламент.

– Тоа е знак на почит и меѓусебен респект и мислам дека сите покраини во Германија треба да го следат нашиот пример, тврди Ројш-Фреј, но истака дека со време се повеќе семејства ќе се одлучуваат своите најблиски да ги погребуваат во Баден-Виртемберг, бидејќи тука муслиманите нашле „нов дом‟.

Професорот по исламска теологоја на Универзитетот во Оснабрукм Рауф Сеулан смета дека клучно прашање е дали воопшто има доволно гробишта за муслиманите во Германија и колку долго гробот ќе биде на тоа место.

– Во исламскиот свет заштитата на гробовите не е временски лимитирана, што е целосно поинаку од вообичаеното изнајмување на гробни места на одреден период, заклучи Сеулан.

Во Германија правилото за ковчег е воведено во 18-от век, бидејќи „во ковчег може да циркулира воздухот‟ и телото на починатиот да не се распадне брзо. Кај муслиманите телата се ставаат во земја без ковчег, но над телото на умрениот се редат даски, кои овозможуваат циркулација на воздухот.

Би можело да ве интересира

Авганистанскиот врховен лидер нареди целосно спроведување на исламскиот закон

А1он

Макрон им даде ултиматум на француските муслимански лидери да прифатат дека Исламот не e политичко движење

Жарко Настоски

Претседателот на Францускиот совет на муслиманската вера „не сака“ карикатурите на Мохамед да се прикажуваат во училиштата

Ана Ололовска

Муслиманите ширум светот го дочекаа Фитр Бајрам во време на пандемија

А1он

ВИДЕО: Во Чеченија отворена најголемата џамија во Европа

Ана Ололовска

Папата вели дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери”

Ана Ололовска